Аја Софија почнала да се гради во 532 година по наредба на византискиот цар Јустинијан Први и пет години подоцна почнала да функционира како црква. Со својата огромна купола, се верува дека таа била најголемата црква и зграда на светот. По освојувањето на Цариград, отоманскиот султан Мехмед Втори изградил четири минариња и во внатрешноста ги покрил христијанските икони и златни мозаици со панели со арапска верска калиграфија, претворајќи ја во џамија. Аја Софија стана музеј 1934 година и најпопуларна туристичка атракција на Турција, што годишно ја посетуваа повеќе од 3,7 милиони луѓе. Турскиот државен совет ја поништи одлуката на Кемал Ататурк од 1934-та година, според која славното здание Аја Софија е претворено во Музеј и сега повторно ќе биде џамија
Калифорнија и беровско Русиново ги врзува природното светско чудо од ендемичен вид- зимзеленото дрво секвоја кое живее во дворот на беровското училиште „Никола Петров- Русински“. Ова дрво е засадено 1984 година, во рамките на наставата за земјоделско образование. Денес дрвото во Русиново достигнало висина над 30 метри и засега не преставува симбол за ова училиште. Инаку џиновската секвоја се смета за најголем жив организам на нашата планета и со самото тоа е едно од природните светски чуда
