домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?Дали знаете? -Гробница во Бонче и Јавор во Теово

Дали знаете? -Гробница во Бонче и Јавор во Теово

Гробницата кај прилепско Бонче стара 2.400 години е клучот за тоа каде се наоѓа изгубениот град Пелагонија, по кој светската археологија трага над 150 години. Ова е навистина уникатна гробница затоа што вакви има досега откриено само две во светот. Оваа и друга која се наоѓа во Амфиполис во Грција која е 3 пати поголема. Гробницата има дромос или ходник кој води до главната погребна комора. Но за жал досега не е откриено кој пелагониски великодостојник бил положен тука. Се претпоставува дека градот Пелагонија се простира околу гробницата на 15-тина хектари, а додека на врвот Висока над самата гробница, каде исто се пронајдени градби, се наоѓало главното светилиште. Презентирана е и во Германија и во Англија, значи таа е позната во науката, но тука за жал не е ништо направено да стане успешно посетен локалитет

Во Теово, Велешко, има Јавор од 15ти век. Никој точно не знае кој го насадил јаворот. Но, според кажувањата на мештаните, најверојатно го засадил некој од турските бегови, кој го донел од Грција. Турците знаеле дека јаворите се вековни растенија и го засадиле како симбол на вековната империја. Според други кажувања, фиданката е засадена од првиот доселеник во селото. Од млада фиданка, од година во година, дрвото израснало во вистински џин. Мерењата покажуваат дека дебелината на јаворот изнесува десетина метри, а висок е околу 30 до 40 метри

Ден 18 април 2025

00:01:17