домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?Дали знаете? - Раѓањето на Александар Македонски и Езерото Локув

Дали знаете? – Раѓањето на Александар Македонски и Езерото Локув

  • Александар се родил од бракот на македонскиот император Филип Втори и епирската принцеза Олимпија, на почетокот на месецот хекатомбајон кој Македонците го нарекувале лоос и тоа во шестиот ден, кога во Ефес е запален и храмот на Артемида. Плутарх наведува дека неговото раѓање им било претскажано на Филип и Олимпија. Таа сонувала дека еден гром удрил во нејзиното тело и целата ја запалил. Филип, пак, сонувал сон во кој ја запечатил утробата на Олимпија со еден печат на кој имало отпечаток со лав. Кога му ги раскажале соништата на дворскиот пророк Аристандар од Телмес, тој веднаш заклучил дека Олимпија е бремена и носи дете кое ќе има лавовски карактер. Истиот ден кога му се родил првиот син, кај Филип стигнале гласници кои го известиле за победата над Илирите и за победата на неговиот коњ на Олимписките трки.
  • Локув е ледничко езеро и е едно од петте езера на планината Дешат. Тоа преставува најниското ледничко езеро во Македонија. Се наоѓа на 1.565 метри надморска висина во близина на селото Требиште. Сместено е во густа букова листопадна шума, а до езерото водат две патеки. Името Локув потекнува од истоименото растение кое расте во изобилство во околината на езерото, а исто така со помала веројатност може да се претпостави дека тоа потекнува и од зборот локва. Од времето на дилувиумот до денес како последица на делувањето на надворешните физичко-географски чинители, езерото претрпело промени, па така од првобитната површина од 12,500 м2 (1,25 ха) се намалило на денешните 5,200 м2 површина на езерскиот басен заедно со островот во него и претставува вистинска туристичка атракција. Во ова езеро опстануваат неколку интересни форми на живот од кои најпознат е “Тритонот„ – водоземец кој наликува на риба и жаба

Ден 18 април 2025

00:01:17