Малку е познато дека лавовите сепак живееле во Македонија. Потврда за ова имаме кај Херодот, кој сосема јасно пишува дека во Македонија во античко време живееле лавови. Притоа читаме: „Дивеч имало во изобилство. Херодот спомнува елени, диви свињи, диви кози и мечки, како и леопарди, рисови, лавови и пантери. Не е неприродно тоа што ловот бил значајна гранка на македонската економија и за нејзината младина важна вештина во здобивањето со машкост“. Значи, еве го одговорот на прашањето од каде толкавата присутност на лавот во македонските народни приказни.
Со цел да му дадат бугарски карактер на Илинденското востание, бугарските историчари – фалсификатори, пред 60 години му измислија ново име Илинденско-Преображенско востание. Но секој историчар знае дека Преображенското востание во јужниот дел на Бугарија започнува дури 17 дена подоцна и е сосема различно востание. Оваа табла е во селото Пирин, општина Сандански. Македонците од Пиринско воделе битки со Турците за време на Илинденското востание. При тоа загинале повеќе од 20 Македонци и на таблата убаво пишува: „Загинали 1903 през ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ“.
Едно од четирите камени корита пронајдено е во кавадаречко. Се наога во близина на археолошкиот локалитет Еударист или во близина на храмот на богот Дионис, кај с. Раец и Дреново. Служело за гмечење на грозјето, а преку отвор ширата се слевала и точела во мешини и крбли и се ставала во буруња. Потекнува од 4 век, а во неговата близина има уште едно вакво корито. Другите две се наоѓаат во месноста “Белград“ и “Мотичани“. Ова е уште еден доказ дека лозарството и винарството во Тиквешијата имаат длабоки историски корени и богата традиција.
