домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?Дали знаете? - Крале Марко и Мајски Оперски Вечери

Дали знаете? – Крале Марко и Мајски Оперски Вечери

  • Без Македонија, светот би бил сума на големи осамености. Да се зборува за Македонија, значи да се зборува за страста на животот, за силни емоции кои ги исполнувале долгите векови со бурна историја. Затоа, оваа земја во своето постоење го памети Крале Марко, несекојдневен средновековен владетел, истовремено силно обожуван и длабоко проколнуван од својот народ. И не само како забележан факт од научник истражувач, туку како живо сеќавање, како нешто што нема крај, исто онака како што многу тешко може да се зборува за неговиот почеток. Речиси и да нема место од нејзината површина каде не постои некаква асоцијација, некаков белег кој потсетува на неговото владеење. Дури и онаму каде тој никогаш не поминал, не оставил реална трага. Но, македонскиот народ, во својата фасцинираност од неговата личност, го пронаоѓал неговото стапало втиснато во висока карпа, отисоци од неговите дланки, оружје, коњ…, претворајќи ја земјава во една ризница од топоними поврзани со неговото име.
  • Мајските оперски вечери – фестивал на класичната музика во Скопје, традиционално се одржуваат во деновите од месец мај и ги собира на едно место сите љубители на операта. Отворањето на првите Мајски оперски вечери (9 мај 1972 г.) било проследено со изведба на операта „Цар Самоил“ на композиторот Кирил Македонски, од страна на оркестарот и оперскиот ансамбл на Македонскиот народен театар. Низ годините, Мајските оперски вечери станале меѓународен оперски фестивал. Досега, во склоп на фестивалот, се одржале над 280 приредби, со над 1200 учесници од повеќе од 20 земји.

Ден 18 април 2025

00:01:17