домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?Дали знаете? - Свети Никола Летен - Маврово / Душанов Законик

Дали знаете? – Свети Никола Летен – Маврово / Душанов Законик

Црквата „Св. Никола Летен“ Маврово е изградена во 1850 година. Во 1953 година со изградбата на хидросистемот „Маврово“ и Мавровското Езеро, црквата се нашла под вода. Иако главно е потопена во водите не езерото, црквата сè уште го има зачувано својот изглед. Самата градба и камбанаријата уште постојат, иако внатрешноста е главно уништена, а покривот е целосно паднат. Црквата се нашла на врвот на списокот на напуштени цркви во светот од страна на списанието „Хафингтон пост“. Во средината на 1990-тите години на XX век, во Маврово започнала да се гради новата црква „Св. Никола“. Пред да се изгради имало идеја од страна на митрополитот Кирил, старата црква целосно да се демонтира и да се постави над нивото на водата, но сепак се откажал од идејата и наместо тоа била изградена новата црква.
Во Скопје на 21 мај 1349 Стефан Душан издава свој Законик, кој, за жал, во оригинал не е зачуван. Душановиот законик започнува со зборовите “Законик на пречесниот и христољубивиот македонски цар Стефан, владетел српски, бугарски, унгарско-влашки, далматиниски, арбанашки, и на многу други региони и земји”. Вака гласат загрепскиот (Хрватска), раваничкиот (Србија), софискиот (Бугарија) препис на Душановиот законик. Душановиот законик со Стефан Душан како македонски цар ќе се најде и во книгата на Љ. Стојановиќ: (Lj. Stojanovic, Stari srpski zapisi i natpisi. Knj. III, Beograd 1905, p. 41 (nbr.4949).)

Ден 18 април 2025

00:01:17