домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?Дали знаете? - Вангел Наумовски и Зоолошката градина во Скопје

Дали знаете? – Вангел Наумовски и Зоолошката градина во Скопје

Вангел Наумовски (Скребатно, Охридско, 1922 – Охрид, 13 јуни 2006) е самоук сликар, кој во втора година на Средното уметничко училиште во Скопје бил избркан како „неталентиран“. Со името на охридскиот сликар се поврзани повеќе епитети – тој кај нас и во светот е секогаш претставуван како уникатен пример на сликар на чудесниот свет на длабочините на езерото и комплексноста на космосот, на задоволството, жената и љубовта… Неговите поетски слики со виртуозен потег го доловуваат светот на границата помеѓу сонот и јавето, меѓу земјата и космосот, царствата на растенијата и цвеќето, убавините на охридските нимфи. Посетувајќи една од неговите изложби во Париз во 1970, Салвадор Дали изјавил дека „Ова е сликар од бајките. Тој е наивен сликар, но Медитеранот оставил силен печат на него. Мошне е префинет и суптилен. Ова е комплетна изложба. Неговото сликарство е блиско до моето. Кај Наумовски има елемнти кои може да бидат дури и научни. Исто така интересна е и биолошката страна на неговото сликарство“.
Паркот на растенијата (Jardin des Plantes) е отворен во Париз, а по една година станал и првата јавна зоолошка градина во светот. Зоолошката градина Скопје е формирана во 1926 година од страна на тричлена комисија со која раководел доктор Станко Караман, тогаш е предложена и денешната локација која зафаќала 4 хектари површина до крајот на 1965 година. Во тоа време Градината располагала со скромен број животни. Денес Градината е лоцирана на површина од 12 хектари, и располага со колекција од 495 животни од 96 видови (цицачи, птици, влекачи). Располага со економски дел, работилница, ветеринарна амбуланта, забавен парк за деца, едукативен центар.

Ден 18 април 2025

00:01:17