домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?Дали знаете? - Свети Јован Владимир и Свети Цареи

Дали знаете? – Свети Јован Владимир и Свети Цареи

Кој бил Св.Јован Владимир, кого охриѓани го чествуваат со векови. Историјата кажува дека убиството на Јован Владимир, уште едно во семејните пресметки на пошироката лоза на цар Самуил, било извршено, кога тој им поверувал на лажните “заклетви” на охридскиот архиепископ Давид и дошол во Преспа. Кај Поп Дукљанин е запишано дека зад сето тоа стоел царот Јован Владислав, кој преку свои пратеници, го намамил Јован Владимир да дојде во неговиот дворец во Преспа, при што го убил во моментот кога излегувал од црквата. Дукљанскиот владетел бил закопан во црквата Св. Марија во Крани, каде била закопана и Косара по нејзината смрт. Подоцна од страна на православната црква бил прогласен за светец. Гробот на Св. Јован Владимир се наоѓа во Елбасан, Албанија, но голем дел од неговите мошти се чуваат во Св. Наум, Св. Богородица Каменско, Св. Бородица пречиста – кичевско и во бигорскиот манастир.
Празникот „Свети цареи“ верниците го празнуваат под манастирот Свети Наум Охридски – Чудотворец, до самото езеро, каде има извор со лековита вода. Според верувањето оваа вода секогаш е лековита, но најмоногу на празникот Св. Константин и Елена. Овие води доаѓаат од Преспанското Езеро преку подземните варовити канали во подножјето на планината Галичица. Се состојат од 30 подводни и 15 крајбрежни извори. Езерцето во текот на своето постоење формирало и две мали атрактивни островчиња. Постои верување дека доколку фрлите паричка во изворите од мостот поставен на брегот кај Св. Наум, вашата желба ќе се исполни. Околу изворите има три прекрасни цркви, Пресвета Богородица, Св. Атанасие и Св. Петка. Велат дека водата која извира под црквата Св. Петка има лековита моќ за очите. Водите од изворите се влеваат во Охридското Езеро преку куса и брза рекичка а истекуваат кај Струга и ја образуваат реката Црн Дрим (што значи „црн елен“).

Ден 18 април 2025

00:01:17