домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?Дали знаете? - Димитрија Чуповски и пионерското вовче

Дали знаете? – Димитрија Чуповски и пионерското вовче

На 29 јуни 1990 од Ленинград во Скопје донесени се моштите на Димитрија Чуповски и се положени во црквата “Свети Спас”. Чуповски бил иницијатор и прв претседател на Славјанско-македонското научно литературно друштво, основано во Петроград во 1902 година. Го основал и Национално-просветното (1912) и Руско-македонското друштво (1914) во Петроград, а во периодот од 1912 до 1915 година на руски јазик го издавал списанието „Македонски глас“ (Македонскiи голосъ). Димитрија Чуповски починал во Ленинград (Санкт Петербург), на 29 октомври 1940 година како турски поданик, изнесен за погреб прекриен со знамето на Македонската колонија изработено во 1914 г.
Денес во светот посебна туристичка атракција преставуваат малите возови. Кај нас сеуште постојат траги од легендарното пионерско вовче во Скопје. „Пионерскиот воз“ тргнувал од станицата „Стив Наумов“ кај Езерце, која имала чекална, билетарница и два колосеци за маневрирање на малата локомотива. Првата наредна станица била кај Зоолошката градина. Трасата се движела према денешниот хотел „Александар палас“, каде била наредната станица, а потоа движејќи се во правецот на Илинденска свртувал кон Долно Нерези, каде била втората поголема станица „Борка Талевски“. По 1952 година, поминувајќи ја реката Вардар, застанувал во железничките станици Ѓорче Петров и Сарај, па се движел се до крајната дестинација кај Кривината на Треска, односно на просторот кај село Глумово, од каде патниците со пајтони биле превезувани до Матка. Работата почнала на 27 јуни 1948 година и траела се до 10 јули 1948 година, кога почнала и монтажа на колосекот. Линијата била предадена на свечен начин на 21 јули 1948 година, на првиот ден на Петтиот конгрес на КПЈ. Пионерите покрај традиционалната марама, носеле железничка униформа и капа, а работеле во две смени. „Пионерската железница“ е укината во шеесетите години пред земјотресот.

Ден 18 април 2025

00:01:17