домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?Дали знаете? - Сликите на Пикасо и плакатот "Битката на Неретва"

Дали знаете? – Сликите на Пикасо и плакатот “Битката на Неретва”

Донацијата на Пабло Пикасо Глава на жена, 1963 масло на платно 73 х 55см е личен избор на авторот добиена со посредство на г-дин Жан Касу, бивш директор на Националниот музеј за модерна уметност во Париз. Сликата е дел од серијата женски портрети, негов омилен мотив кој се провлекува уште од 1932 и во кое се присутни кубистичките форми карактеристични за неговото зрело творештво. На 17.11.1971 сликата е украдена од изложбените сали на постојаната поставка. Вратена е на 21.04.1972 со големи оштетувања. На 38. Светска галерија на цртеж – Скопје 2010 во организација на Остен, добитник на Награда за светско културно наследство беше Пабло Пикасо. Според статутот, Остен се обврзува да има онолку дела од добитниците на Награда за светско културно наследство, колку што брендот Остен има години во годината кога е добиена наградата. Оттука – 66 дела на Пикасо од колекцијата на ОСТЕН – уметност на хартија.
Автор на плакатот за филмот „Битката на Неретва“ од 1969 година е Пабло Пикасо. Хонорарот кој Пикасо го побарал за плакатот биле 12 шишиња југословенско вино. Биле избрани најдобрите вина од сите краишта на Југославија, се разбира и од Македонија. Интересно е дека Пикасо слушнал за режисерот во 1964 кога Булаиќ освоил „Златна нимфа“ за својот документарен филм „Скопје ’63“ во Монте Карло. Уште поинтересно е дека Пикасо во својот живот изработил само 2 плакати за филм, од кои еден е овој. Приказната вели дека тоа познанство довело до таму Булаиќ да стапи во контакт со агентот на Пикасо во 1969 и да го праша дали би изработил плакат за „Неретва“. Откако го изгледал филмот, Пикасо прифатил, а плакатот е дел од неговата слика „Сабињанки“. Плакатот бил објавен како подарок и во дневното издание на Њујорк Тајмс кој во тоа време имал тираж од милион примероци.

Ден 18 април 2025

00:01:17