На 22 јули, 1947 година е формиран фудбалскиот клуб Вардар, гордоста на Скопје и најтрофејниот клуб во Македонија. До 1963 година, боите на ФК Вардар биле црвената и белата. Но, по катастрофалниот земјотрес во 1963-та година белата боја е заменета со црната, во сеќавање на загинатите од разурнувачкиот земјотрес. Оттогаш Вардар има црвено-црни дресови.
Во „Летописот на манастирот Св. Наум Охридски“ при пописот на движните предмети во 1877 г., е запишано дека во големиот железен ковчег, што се наоѓал во припратата на црквата, биле чувани следните реликвии: сребрена кутија за евхаристија и кутија со моштите на св. Матрона, сребрена кутија со моштите на свв. Кирик и Јулита, сребрена кутија со дел од моштите на св. Климент, две кутии со мошти од разни светители, сребрена кутија со раката на св. Марина и две кутии во филигран со мошти од разни светители“. Некои од овие кутии-кивоти, заедно со поголем број на други раритетни црковни предмети и ракописи од црквата Богородица – Перивлепта и од други охридски цркви и куќи, во текот на Првата светска војна биле одземени на „привремено чување“ и однесени во Бугарија. Денес се депонирани и се составен дел од колекциите на Националниот историски музеј и Археолошкиот музеј во Софија.
