домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?Дали знаете? - Свети Илија во с.Грнчари и Свети Илија во Стар...

Дали знаете? – Свети Илија во с.Грнчари и Свети Илија во Стар Дојран

Над преспанското село Грнчари, опкружена со живописна природа, сочувана е малата еднокорабна црква меѓу народот позната како Св. Илија. Таа е изградена од камен и тула, засводена е со полукружен свод, а на нејзината источна страна се забележува апсида, однадвор тространа. Во внатрешноста на црквата има живопис од два периода. Првиот, постар живопис, временски се совпаѓа со градењето на црквата. За него, науката претпоставува дека потекнува од првата половина од XIII век. Интересно е што Исус на фреската е во црна боја а во оваа црква може да се види насликан свети Ахил, светец чиј култ бил особено карактеристичен и многу почитуван во околината на Преспа. Тој е претставен зад иконостасот, на јужниот ѕид.
На самиот влез во Стар Дојран се издига каменото ридче, на чив врв гордо и исправено стои црквата Св. Илија. Изградена во 1848 година. Со доброволни прилози од дојранските верници. Главен архитект бил Ѓорѓе Новаков од село Папрадиште – Велешко. Таа требала да им служи на сите дојрански христијани, но место тоа, станала јаболко на раздорот. Духовната поделеност на дојранчани ќе живее се до рушењето на градот за време на Првата Светска Војна поточно до 1916 година. Со горењето на црквата “Св. Илија” изгорел голем дел од богатство на дојранчани. Народот верувал дека Св. Илија секогаш држи во раката некој буздоган и со него ја брка ламјата, а кога го фрла буздоганот, тогаш треска, удира гром. Народот верувал и тоа дека и Св. Илија како и Св. Андон може да лекува некои болести поради што многумина ги земале од црквата иконите на Св. Илија и ги држеле кај болниот. Исто така и му ветувале нешто за болниот да оздрави. Во Дојран се одржува црковна служба и панаѓур кој трае два дена, а болните ноќта спијат под иконата на Св. Илија.

Ден 18 април 2025

00:01:17