домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?ДАЛИ ЗНАЕТЕ - ПРВ СВЕТСКИ ШАМПИОНАТ ВО ПЛИВАЊЕ/МУЗЕЈ НА ТУТУН

ДАЛИ ЗНАЕТЕ – ПРВ СВЕТСКИ ШАМПИОНАТ ВО ПЛИВАЊЕ/МУЗЕЈ НА ТУТУН

На 5 август 1962 во Охрид се одржал Првиот светски шампионат во маратонско пливање на слатки води, кој прераснал во една од најголемите спортски манифестации од таков вид во Македонија. Во 1960 година на маратонот во Капри, каде што Дики Бојаџи беше прв, таму присуствувал и шеикот од Кувајт, Ел Габар ел Сабах кој бил поканет да дојде во Охрид. Цели четири години шеикот доаѓал во Охрид со голема придружба и бил главна мецена, делејќи во тоа време 1.000 фунти за првите тројца маратонци. Таа година помеѓу професионалците победил Абдел Абу Хеиф од Обединатата Арапска Република, а меѓу аматерите неговиот сонародник Небил Шазди. Во женска конкуренција победила охриѓанката Атина Бојаџи. Во професионалната трка од македонските пливачи голем успех постигнал Дики Бојаџи – трето место и Климе Савин кај аматерите – четврто место. Од 1992 година шампионатот бил именуван како Охридски пливачки маратон, една од трките што се бодува за Светскиот маратонски куп.
Музејот на тутун” во Прилеп, брои 2584 експонати. Помеѓу попознатите експонати спаѓаат: Султанското луле од Крим, Чибукот на Романов, Лулето од надвојводката Ана, Чибукот од Али – Кучук, Лулето и тутун – кутија од Дража Михајловиќ, Студентските и боевите лулиња од побуната против Марија Терезија од 1848, Лулињата од првиот светски пушачки клуб, Табакера од Вториот поход на Кристофер Колумбо, Морнарско етуи гравирано 1497 во Севиља кое било дел од 4от поход на Америка. Композицијата „Мојата жена и мојата баба”, Лулето од копито „Опомена” Табакологијата од Неандер.

Ден 18 април 2025

00:01:17