домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?ДАЛИ ЗНАЕТЕ - ОХРИЃАНЕЦ НА БРОДОТ НА КОЛУМБО/НАРОДНА НОСИЈА ОД ПРЕСПА

ДАЛИ ЗНАЕТЕ – ОХРИЃАНЕЦ НА БРОДОТ НА КОЛУМБО/НАРОДНА НОСИЈА ОД ПРЕСПА

  • 1498 Кристифор Колумбо, на своето трето патување во новиот свет, го открива островот Тринидад, а потоа за првпат стапна на брегот на Јужна Америка. Драхан бил еден од морнарите кај Колумбо, Индијанците го нарекле “Големиот Арон”. Какви овластувања имал во третата експедиција, најдобро зборува податокот дека Венецуела ја крстил токму “учениот од Венеција”. А двата острови и денес ги носат имиња Лаихнида. На четвртиот поход “кон Индија”, главен заповедник бил токму охриѓанецот.
  • За разлика од другите делови на Македонија, народната носија во Преспа е претежно црна. Меѓу луѓето се кажува дека овде во минатото се носела бела носија, но дека таа била заменета со црна по трагичниот настан на ослепувањето на Самоиловите војници. Долно Преспанската носија е црна. Таа нема везови, посебно карактеристична е кошулата која е единствена во Македонија и се разликува дали е за девојка, жена или постара жена. Ако на кошулата има 9 лози линии, тогаш станува збор за невести. Доколку беќарот види 7 линии, тогаш таа е девојка и може да ја проси. Ако на кошулата има 5 линии тогаш станува збор за возрасна жена. Носијата може да ја видите и во приватниот музеј на народни носии на Јоне Ефтимовски кој се наоѓа во преспанското село Подмочани.

Ден 18 април 2025

00:01:17