Одлично јадење од спанаќ, го сакаат дури и оние кои избегнуваат да јадат зеленчук!
Состојки:
- 1кг спанаќ
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 150мл павлака
- 150гр кашкавал
- 2 лажици масло
- сол
- бибер
Подготовка:
- Измијте го и исечете го спанаќот, па потоа исечкајте го кромидот и лукот. Во тенџере загрејте масло и во него пропржете кромид и лук и додајте спанаќ. Динстајте додека спанаќот не добие боја. Тргнете го поклопот и почекајте течноста да испари.
- Додајте павлака и зачинете со сол и бибер, добро измешајте.
- Префрлете во сад за печење, посипете со рендан кашкавал и печете во претходно загреана рерна на 200 степени, додека кашкавалот не се растопи.
