⦁ За прв пат во пишан документ од 1869 година година се споменува пастрамлијата, кога велешани морале да прехрануваат две илјади турски војници.“Не почестија со јадење слично на нашата састрма(ј)лија (турско јадење слично на погача , со големи парчиња овчко солено месо ), само што месото е ситно сецкано овчјо и козјо месо и полиено со јајце.
⦁ Првиот славен лет на англиската авијатичарка Еми Џонсон на релацијата од Лондон до Австралија и назад се случил во мај 1930 год. Особено e интересно што таа приказна е поврзана и со градот Скопје. Скопје го очекувало пристигањето на Еми Џонсон на 3 август 1930 година. Кога слегла со својата придружба прв и пришол градоначалникот на Скопје, Јосиф Михајловиќ, посакувајќи и добредојде од името на граѓаните на Скопје и подарувајќи и прекрасен букет од свежи рози. Во Лондон младата авијатичарка ја пречекале, ни помалку ни повеќе, туку – еден милион луѓе!
