⦁ Нестор Алексиев Мирчевски од државниот врв во 1946 година добил задача за 21 ден да изработи саркофаг за да се пренесат моштите на Гоце Делчев од Софија. За да го изработи саркофагот во рокот, работеше ден и ноќ. Подножјето на ковчегот го сочинуваат четири лавовски шепи, тетра под со профирано цокле од сите страни со една вдлабнатина и две издадени хоризонтали. На предната страна во средината на барокниот медалјон има лаворов венец – симбол на победата, а во него е претставен ликот на Гоце Делчев. На страните се претставени тогашните грбови на Југославија и на Македонија. На задната страна врежана е симболичната порака на македонското знаме „Смрт или слобода“ од револуционерниот комитет. Пред да ја заврши резбата на ковчегот маката му била што во дотогашната работа во вакви случаи секогаш ставал крст. Дилемата му била дали во постојната политичка констелација смее да се изработи крст на саркофагот. Споделувајќи ја маката со присутните, ја добил поддршката и на рачката на капакот изрезбал стилизиран крст украсен со лисја. На 7 октомври 1946 година со голема свеченост и со највисоки почести од Софија биле испратени посмртните останки на Гоце Делчев во главниот град на тогашната Народна Република Македонија, Скопје во црквата „Св. Спас“. Ова чествување било една од најголемите манифестации во историјата на современата македонска држава со највисоки државни и воени почести. Во конаците на црквата е сместен Музејот на Гоце Делчев, во кој се изложени парчиња на оружје и други експонати. Може да се најде комитска облека, парчиња оружје од приватни колекции, јатагани, куршуми, пушки и др.
⦁ Цар Самоил (958 – 6 октомври 1014) починал во Преспа од срцев удар, потресен од морничавата глетка кога ги видел своите ослепени војници што му ги испратил Василиј. На 28 јуни 2011 година на централниот плоштад во Скопје е поставен монументален мермерен споменик на Самоил изработен од бел мермер, висок 5 метри, поставен на постамент со бронзени релјефи. Автор на споменикот е Димитар Филиповски, а споменикот е изработен во уметничката галерија Пиетро Базанти е Фиљо и леарницата Фернандо Маринели од Фиренца, Италија.
