⦁ Македонија има околу 1600 водотеци чија вкупна должина изнесува 11 650 km. Од нив, само 4 реки на територијата на Македонија се подолги од 100 km и тоа Вардар, Брегалница, Црна и Треска. Нивната вкупна должина изнесува 875 km. Низ хидрографски „коридори“ кои припаѓаат на сливовите на Егејско, Јадранско и во сосема мал дел на Црно Море, преку годината просечно протекуваат нешто над 9 милијарди метри кубни водна маса. Од тоа водно богатство, годишно околу 6 милијарди метри кубни вода ја „напушта“ Македонија.
