домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?ДАЛИ ЗНАЕТЕ - ЕЗЕРО КОЗЈАК

ДАЛИ ЗНАЕТЕ – ЕЗЕРО КОЗЈАК

⦁ Козјак е најголемо вештачко езеро во Македонија сместено помеѓу планината Сува Гора на запад и резерватот „Јасен“ на исток. Езерото е долго 32 км, некаде е длабоко и 130 м, а максималното растојание од едниот до другиот брег изнесува 400 м. Кон езерото водат два пата: јужниот пристап кон езерото води од Македонски Брод и се протега по течението на реката Треска. Другиот пристап е од Скопје. Езерото е создадено во 2004 г., aкумулацијата, браната, евакуационите органи (преливи и тунели) се проектирани и изведени од Македонски инжењери и компании. Кинеските инжењери ја имаа проектирано опремата во хидроелектраната и хидримеханичката опрема. Вкупната зафатнина на акумулацијата изнесува 550 милиони м3, со максимално ниво на акумулацијата од 469,60 м.

Ден 18 април 2025

00:01:17