⦁ Во близина на градскиот часовник, на ул. Стерјо Ѓоргиев во Битола, се наоѓа куќа во розова боја со специфичен триаголник над влезната порта. Тоа е куќата на големиот битолчанец Димитриј Лала, познат битолски музичар. Димитар своите клавирски знаења ги стекнувал како ученик на познатите музички великани Рихард Вагнер и Франц Лист. Битолчанецот Димитрие Лала се школувал и соработувал со Вагнер и бил еден од капелмајсторите во периодот кога во театарот во Бајројт, Германија, се изведувале неговите опери. Се смета и дека Вагнер престојувал во Битола три дена во 1878 година кај семејството Лала и како благодарност за гостопримството им ја подарил својата биста, или пак од Бајројт ја донел самиот Лала. Денес бистата е сместена заедно со другите поставки од фамилијата Лала во Музејот во Битола.
⦁ Јахја Кемал Бејатли (вистинското име му е Ахмет Аѓах), поет роден во Скопје, каде што живеел до својата осумнаесет годишна возраст, по што се преселил во Истанбул. Се смета за еден од основоположниците на современата турска поезија, кој се прославил уште додека бил жив, но не објавил ниту една своја книга. Дури по неговата смрт се објавени неговите дела.
