⦁ На 2 март 1923 Починала Сара Бернар — француска артистка. Сара Бернард била во Битола во екот на Првата Светска војна, кога тука било средиште на Солунскиот фронт. Во Битола доаѓа во август 1916 година поради заљубеноста во еден француски генерал кој е еден од командантите на Фронтот а воедно и да ја забавува француската војска. Таа во тоа време имала 17 години и во Битола се задржала само едно деноноќие..Тоа деноноќие и било исполнето со ужасот и бесмислата на војната. Кај неа се јавува дилема дали да ги забавува или преку текст од некоја претстава да ги изрази своите чувства. Приказната добива во драматичност кога Сара го изговара монологот на Шекспировиот Хамлет. Преку него сака во преден план да ја стави уметноста, обесмислувајќи ги самоуништувањата и разорувањата.
⦁ Драгослав Шекуларац роден е во Штип. Веројатно бил еден од најдобрите дриблери во историја на југословенскиот фудбал. Одиграл 41 натпревари со шест постигнати гола и илјадници асистенции, а за матичниот клуб 375 напревари и постигнал 119 голови. Како играч кариерата ја продолжил во германскиот Карлсруе и во Санте Фе во Колумбија, а ја завршил во екипата Далас во САД. Во Штип на 3 јуни 2017 е поставено спомен обележјето кое се наоѓа во паркот кај Домот на културата во Штип, веднаш до споменикот на поетот Ацо Шопов. Споменикот е една модерна иновација, инспирирана од неговиот омилен дриблинг противникот да го помине со пета-лоб преку глава. Споменикот ги содржи копачките од неговите ‘златни нозе’ и со неговиот лик и црвено белите бои на клубот за кој најмногу играл. Автор на споменикот е штипскиот уметник Методи Андонов.
