Маричката битка се одиграла на реката Марица близу до селото Черномен (денес Орменио во Грција) на 26 октомври 1371 помеѓу Отоманската војска предводена од Лала Шахин-паша и македонската војска на Волкашин Мрњавчевиќ и неговиот брат, деспотот Јован Углеша. Во борба загинале браќата Волкашин и Углеша. Околностите околу нивната смрт не е позната и нивната смрт станала легенда. Подоцна неговите останки биле однесени во манастирот Свети Димитар кај Сушица. Синот на Волкашин, Крале Марко, го наследил татка си на престолот на прилепското кралство /1371-1395/, но сега како вазал /Во феудалниот период, благородник кој од друг повисок благородник добива земја во владеење. Владетел, државна власт се обврзува кон друга на послушност и помош/ на Турците. Со ова, Македонија и делови од јужна Србија потпаднале под Отоманска власт. Битката била дел од напредувањето на Отоманците во освојувањето на Балканот. Мрњавчевиќи, а синот на Волкашин, Крале Марко станал крал на прилепското кралство.
