домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?ДАЛИ ЗНАЕТЕ - БРАЌА ТРЕСОНЧАНИ/СТАНКО КАРАМАН

ДАЛИ ЗНАЕТЕ – БРАЌА ТРЕСОНЧАНИ/СТАНКО КАРАМАН

  • Ноќта на 15 април 1912 година кога потона прекуокеанскиот брод Титаник, засекогаш потонале и двајца тресончани, меѓу останатите 1.523 души! Тоа се браќата Јанко и Миле од родот Смилески – печалбари кои биле на пат за Америка. Најстарите жители на Тресонче раскажуваат како дури од деца слушале за смртта на нивните соселани на Титаник. Мајка им Трена (или Треневица, н.з.) кога разбрала оти нејзините единствени синови потонале некаде на море одлучила да засади орев, за секој намерник да каснува по едно кокале за душа на загинатите синови. Оревот навистина беше огромен џин и еден од најголемите во долината, но тресончани го заборавија аманетот на баба Трена. Во доцните осумдесети или во раните деведесети години од 20 век, два-тројца тресончани одлучија дрвото да се пресече, бидејќи во тие години ореовото стебло достигна нешто повисока цена од вообичаената. За среќа, сe уште постојат остатоци од гигантското стебло на оревот, кое лежи на падините меѓу Врлевци и сред село – “Ленишча”, скаменето од сонцето, дождот и снеговите.
  • Станко Караман (1889 – 1959) е природонаучник и основач на Природонаучниот музеј, Зоолошката градина и Скопскиот парк. Доаѓа во Македонија 1922 година, зад себе ќе остави опус од 108 печатени научни трудови, опишувајќи скоро 60 нови видови, подвидови и форми риби, нови 120 видови и подвидови изоподи и амфиподи од овие простори. Собира околу себе млади биолози и стрпливо ги учи и воведува во маѓепсаниот свет на науката. Музејот станува едно од јадрата во кои што ќе се развива нашата млада биолошка наука. До ден денес според неговата концепција, се објавуваат резултатите од проучувањата на флората и на фауната на Македонија и на околните региони. Се заложува препарирањето на животните и имитирањето на природата во изложбите на Музејот да бидат изведувани до перфекција. Оттука и неговата постојана грижа за стручно оспособување на препаратскиот кадар што ќе резултира Музејот да стане центар во кој што ќе се обучуваат препараторите од сите музеи од просторите на поранешна Југославија.

Ден 18 април 2025

00:01:17