ДАЛИ ЗНАЕТЕ – ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА/СМОКВА
- Пештерната црква Воведение на Пресвета Богородица во храм Канео Охрид сместена е јужно од главниот храм посветен на Св. Јован Богослов Канео, во природен карпест амбиент, засолнет од сите три страни со високо издигнати карпи, а само со мал тесен приод од езерото, помеѓу две карпи. Без оглед на мошне големите оштетувања на фреските, по подетална анализа, се распознава композицијата Воведение на Пресвета Богородица во Храм, а според зачуваните остатоци од лицата на младите девојки, драпериите на некои фигури, орнаментиката на облеката од првосвештеникот Захариј и дел од архитектурната декорација во заднината, покажува дека зографот работи во духот на класисистичките ликовни разбирања во стилот на Палеолозите, и затоа се налага заклучокот дека овој пештерен храм бил создаден за монашките потреби при самиот крај на XIV век или почетокот на XV век.
- Иако смоквата често се нарекува кралица на медитеранското овошје, технички таа спаѓа во категоријата цвеќиња, а начинот на нејзиното оформување е истовремено фасцинантен и застрашувачки. Нејзините цветови цветаат во внатрешноста на крушковидната капсула, која подоцна досозрева во овошје кое го јадеме, а тоа не е само едно овошје туку цел збир. Бидејќи цветаат од внатре, потребен им е специјален процес на оплодување кое не може да го направат пчелите и ветерот, па тука на сцена стапуваат смоквините оси. Осата женка влегува во машка смоква, крилата на женката се кршат додека влегува во малиот премин во смоквата, па така кога еднаш влезат, излегување нема. Машките оси – бебиња се раѓаат без крилја, затоа што единствена функција им е да ги оплодат женките, технички нивните сестри прокопуваат тунел низ смоквата. Откако осата умира во внатрешноста на смоквата, таа се разградува, а колку тоа и да звучи бизарно, сепак е неопходно во процесот на создавање вкусна смоква.