домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?ДАЛИ ЗНАЕТЕ - ТОМИ СТЕФАНОВСКИ/НИКО НЕСТОР

ДАЛИ ЗНАЕТЕ – ТОМИ СТЕФАНОВСКИ/НИКО НЕСТОР

На 14 август 2009 година, Томи Стефановски го препливал каналот Ла Манш, трет Македонец кој го препливал овој канал, постигнувајќи време од 7 часа, 42 минути и 32 секунди, што претставува 11 време во историјата на препливувањето на Ла Манш. Неколку сезони по ред, Стефановски се наоѓал во врвот на светското маратонско пливање. Како признание на одличните резултати во сезоната, се нашол на списокот на 11 пливачи кои Светската асоцијација за пливање на отворени води ги номинирала за изборот на најуспешен пливач на отворени води за 2014 година. Стефановски ја завршил својата кариера како победник на 30. Охридски маратон (2016 година), а со освојувањето на шестото место во Капри, тој имал ист број бодови со Стокино, со што ја поделил светската шампионска титула за 2016 година. Томи Стефановски добил заслужено место во Куќата на славните во овој спорт, и тоа како прв пливач од Македонија. Свечената церемонија на приемот на новите членови се одржала на 4 ноември 2016 година во Сан Педро, Калифорнија, (САД).
Нико Нестор /основоположник на македонското маратонско пливање/ е роден на 19 јуни 1934 година во Струга. На републичките првенства освоил 14 титули, соборувајќи неколку републички рекорди во периодот од 1948 до 1967 година. На 19 август 1958 година Нестор го остварил својот сон и станал првиот што го препливал Охридското Езеро од Св.Наум до неговата родна Струга. А една година подоцна, на 9 септември 1959 година, Нестор го направил и историскиот подвиг – станал првиот Македонец и првиот пливач од тогашна Југославија што го препливал каналот Ла Манш. Починал во Скопје на 26 февруари 2016 година.

Ден 18 април 2025

00:01:17