ДАЛИ ЗНАЕТЕ – МИЛТОН МАНАКИ/ЃОРЕ ЦЕНЕВ
- Манаки Милтон (с. Авдела, Костурско, 1882 – Битола, 5. III 1964) е прв филмски снимател на Балканот, македонски фотограф и автор на документарни филмови. Пионер на снимателската дејност во Македонија. Во 1905 година во Битола (тогаш Манастир, Отоманска Империја), заедно со постариот брат Јанаки, го снимаат првиот балкански филм. Во нивна чест во Битола се одржува Меѓународен филмски фестивал „Браќа Манаки“.
- Физичар по образование, Ѓоре Ценев е еден од ретките Македонци што својот работен век и’ го посвети на астрономијата. Авторот на книгата „Небото над Македонија“ (своевиден зачеток на хибридната наука етноастрономија), долгогодишен раководител на Планетариумот при Младинскиот културен центар во Скопје, единствена ваква институција кај нас, во јавноста е најзабележан по проучувањето на мегалитската опсерваторија Кокино.