домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?ДАЛИ ЗНАЕТЕ - ЦРКВА СВ.ЈОВАН - ШТИП/ПРВИТЕ СЕМАФОРИ

ДАЛИ ЗНАЕТЕ – ЦРКВА СВ.ЈОВАН – ШТИП/ПРВИТЕ СЕМАФОРИ

  • На десната страна на реката Отиња, на јужната страна на Исарот – Штип се наоѓа црква посветена на Свети Јован Крстител. Црквата е изградена во 1350 год. Тоа е црквичка со една одаја. Изградена е со поддршка на Јован Пробиштиповиќ во време кога сопственик на земјиштето бил деспотот Оливер. Денес се видливи само фрагменти од фреско сликарството. Тоа е фреската на Цар Константин и Царица Елена што се наоѓаат на јужниот ѕид на црквичката.
  • Семафорите се измислени пред да се измислат и користат автомобилите. Всушност, првично служеле за сигнализација на возовите. Тогаш имале црвена, зелена и бела боја. Црвената и тогаш значела застанување, зелената била знак за претпазливост и подготовка, додека белата тргнување на возот. Со тек на време, се увидело дека белата боја им пречи на машиновозачите, затоа што ноќе, на хоризонтот се вклопувала со ѕвездите. Инаку, првите семафори на светот на улица биле поставени кај Вестминстерската палата во Лондон, во 1868 година, со нив се управувало рачно, а биле активни само навечер. Имале две бои: црвена и зелена. Првите семафори на струја биле поставени во Детроит, САД, во 1912 година. Третата боја, која првично била портокалова е воведена во 1920-та година. Нешто подоцна била сменета со жолта. Кај нас се појавија во почетокот на педесетите години на минатиот век.

Ден 18 април 2025

00:01:17