домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?ДАЛИ ЗНАЕТЕ-ФРЕСКА НА СВ.АНА МЛЕКОПИТАТЕЛНИЦА-ЗАУМ

ДАЛИ ЗНАЕТЕ-ФРЕСКА НА СВ.АНА МЛЕКОПИТАТЕЛНИЦА-ЗАУМ

Ана Mлекопитателница од Заум Охрид како ја дои малата Богородица е една од најдобрите студии во византиското сликарство. За разлика од другите фрески на оваа тема, сликарот во Заум насликал млада жена, со голема, разголена дојка. Фреска со најголема града има само во Заум, но големината има длабока психолошка симболика. Ликот и е наведнат, а погледот нејзин како од друг свет. Како да знае дека кога ќе порасне нејзиното чедо ќе има многу маки. Знае дека од нејзе ќе започне едно ново поглавје во историјата на човештвото-спасот од гревот. Маките на нејзиното чедо ќе бидат многу големи, а нејзиниот живот со голема болка поради жртвувањето на нејзиниот сакан син. Големината на градата е само симбол на емпатија, вселенска, духовна. Ваквата уникатност во претставата на Ана со Богородица на градите може да се спореди само со онаа на цибориумот на Св. Марко во Венеција и во Перивлепта во Мистра.

Ден 18 април 2025

00:01:17