Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, ја пречека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на скопскиот аеродром, каде што пристигна на работна посета. Муцунски изјави дека посетата е значајна и потврдува проевропската ориентација на владата. Тој најави динамична агенда исполнета со важни работни средби. Според Муцунски, иднината на Македонија е тесно поврзана со европското семејство, а посетата на фон дер Лајен е доказ за продолжената поддршка на Европската Унија кон регионот. Оваа посета се смета за важен чекор во унапредувањето на односите помеѓу Македонија и ЕУ, особено во контекст на европските интеграции.
