домаВестиДАЛИ ЌЕ ИМА НОВО ПОСКАПУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ? - ОД ПОНЕДЕЛНИК СЕ „ОДМРЗНУВААТ“...

ДАЛИ ЌЕ ИМА НОВО ПОСКАПУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ? – ОД ПОНЕДЕЛНИК СЕ „ОДМРЗНУВААТ“ МАРЖИТЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ ОД ЕСЕНСКАТА КОШНИЧКА

За десетина дена завршува мерката „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, која требаше да ја наполни есенската кошница со 73 производи со 10 отсто, ограничена бруто-профитна маржа и на големо и на мало. Граѓаните заштедија незначителна сума, а најголемиот дел од нив се разочарани, бидејќи намалувањата се движеа од 1 до 30 денари.

Првичните анализи од терен покажаа дека цените на производите од есенската кошничка се намалиле во просек од 5 до 10 проценти, при што кај некои производи намалувањето на цените е помало, или воопшто и го нема, како кај лебот, маслото за јадење и млекото, додека кај други производи е значително поголемо како кај месото, зеленчукот, сирењето и кашкавалот. Оваа мерка, ќе продолжи и во наредниот период како божиќна, рамазанска и велигденска кошница. Со Законот за нефер трговски практики се ограничуваат рабатот и дополнителните трошоци за над 2.500 прехранбени производи, од што се очекува дополнително намалување на цените на храната до крајот на овој месец.

Ден 18 април 2025

00:01:17