домаUncategorizedГори склад за нафта во близина на Санкт Петербург

Гори склад за нафта во близина на Санкт Петербург

Во Санкт Петербург, родниот град на рускиот претседател Владимир Путин, утрово избувна голем пожар во магацинот за нафта Ручи, а жителите забележале огромен столб чад како се издига на небото.

Локалниот сајт Фонтанка известува од Министерството за вонредни ситуации на Русија дека пожарот го зафатил хангарот и се проширил на 125 квадратни метри од зградата, чија вкупна површина е 800 метри квадратни.

Се наведува дека во гаснењето на пламените јазици учествувале 12 противпожарни возила и 60 лица.

Фонтанка наведува дека, според првите информации, се запалил авто-сервис лоцирана веднаш до магацинот за нафта.

Претходно овој сајт, повикувајќи се на свои извори, објави дека се запалиле нафтени деривати.

Се вели дека компанијата која е сопственик на ова складиште за нафта, банкротирала во 2021 година.

Ден 18 април 2025

00:01:17