9 БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИ ПРИВЕДЕНИ ПОРАДИ НАРШУВАЊЕ НА ЈАВНИОТ РЕД И МИР ЗА ВРЕМЕ НА НАТПРЕВАРОТ ШКУПИ- ЛЕВСКИ

0

Вечерва во Арената „Тодор Проески“ се игра натпреварот меѓу Шкупи и бугарскиот тим Левски.

На социјалните мрежи се појавија видеа од сериозни инциденти меѓу навивачите, а според информациите имало и физичка пресметка со полицијата.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се приведени девет бугарски навивачи.

Според информациите, тие се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир пред натпреварот Шкупи-Левски.

„На 27.07.2023 од страна на Единицата за брзо распоредување приведени се Г.Б, З.З., В.Д., Г.К., Б.А., В.Ј., И.К., Д.П.Д. и А.В.И., сите бугарски државјани, кои го нарушија јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои вршеа службени дејства на стадионот „Тодор Проески“, непосредно пред почетокот натпреварот од второто квалификациско коло во Конференциската лига помеѓу Шкупи и Левски Софија, кој вечерва се игра во Скопје. Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци“, велат од МВР.