домаМетеоВечерна прогноза на Вистинска Телевизија 22 август 2024

Вечерна прогноза на Вистинска Телевизија 22 август 2024

Во Македонија денес имавме претежно сончево време со појава на локална облачност, ветровито и потопло време со благ пораст на дневните температури. Во текот на ноќта четврток кон петок ќе преовладува претежно ведро и свежо време.

ЕВРОПА – Во петок во северозападна, северна и североисточна Европа ќе преовладува умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и грмотевици, пропратени со засилен ветер со удари и до 80 км/ч. Услови за локални врнежи се очекуваат и во областа на Алпите. Во останатите предели ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време за овој период од месец август.

БАЛКАН – На Балканскиот полуостров претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време со дневни температури кои што се над повеќегодишниот просек за овој период и ќе се движат во интервал од 30 до 36 степени.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во петок по свежото утро и утрински температури од 9 до 20 степени, во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време. Ќе дува доумерен североисточен и северозападен ветер кој што ќе достигне брзина до 20 км/ч. Максималните дневни температури во Македонија утре ќе бидат во благ пораст и ќе се движат во интервал од 25 до 35 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во сабота и недела ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време со дневни температури кои што ќе бидат во пораст. Утринските температури ќе се движат во интервал од 9 до 20 односно од 10 до 21 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат од 28 до 38 степени. УВ индексот ќе има вредност 8. Во понеделник и вторник во Македонија ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време. Во попладневните часови услови за развој на нестабилност која може да услови нестабилно време со врнежи од дожд и грмотевици, локално со услови за поројни врнежи и појава на невреме. Утринските температури од 11 до 22 односно од 12 до 23 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат од 27 до 37 односно од 26 до 36 степени.

Ден 18 април 2025

00:01:17