Денес е четврток, 22 август 2024 година, 235-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:44, а ќе зајде во 19:26 часот. Денот во Македонија денес ќе трае 13 часа и 42 минути.
Во Македонија ова утро преовладува претежно ведро и свежо време. Во северните предели имаме појава на слаба локална облачност.
Во Македонија денес по свежото утро со утрински температури кои што ќе се движат во интервал од 11 до 23 степени, во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност, ветровито и топло време. Ќе дува засилен североисточен и северозападен ветер кој што ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Максималните дневни температури во Македонија денес ќе достигнат од 24 до 34 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.