ЕВН информира дека претставници на компанијата вчера се сретнале со жители на селото Слупчане, по последните блокади за екипите кои што требаше да ја реконструираат електродистрибутивната мрежа. Според последните информации, ЕВН треба да почне да ја реконструира мрежата на 9 август годинава.
Од таму информираат дека разговорите се одвивале во позитивна насока. Денеска треба да следува уште еден состанок.
Зекирија Шаини, советник во општина Липково, изјави дека состанокот поминал во позитивна атмосфера и дека останува да се договорат техничките детали.
Жителите на Слупчане во два наврати посегнаа по неколкудневни блокади на почетокот и крајот на јули.
Жителите имаат повеќе барања, меѓу нив и барање сметките да не им бидат повисоки од 3.000 денари.
