домаUncategorizedПоднесени четири амандмани за измените на Законот за минерални суровини за коридорите...

Поднесени четири амандмани за измените на Законот за минерални суровини за коридорите 8 и 10д

Членовите на собраниската Комисија за економски прашања почнаa со расправа по измените и дополнувањата на Законот за минерални суровини, иако дневниот ред на седницата се уште не е изгласан. По неколку процедурални забелешки, претседателот на Комисијата Диме Велковски ја прекина седницата и најави нејзино продолжување следната недела. Тој информираше дека за измените на Законот се поднесени четири амандмани – два од ВМРО – ДПМНЕ и два од Љупчо Балковски од ВМРО-НП, кој е дел од владејачкото мнозинство.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, во процедурални забелешки, побараа до нив да биде доставен Договорот за изградба на Коридорите 8 и 10д со „Бехтел и Енка“, за да можат да видат дали измените на предложените закони се во согласност со него, изнесувајќи при тоа сомнежи за криминал и корупција. 

Пратеникот Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека на седницата треба да дојде „нарачателот на овие закони“ Артан Груби и да ги образложи.

Тој се впушти во расправа за измените на Законот за минерални суровини, посочувајќи дека со една од одредбите се овозможува изведувачот да може да копа каде и колку што сака. Јаревски оцени дека се избегнува добивање дозвола од надлежни институции, посочувајќи дека на овој дел ВМРО- ДПМНЕ има поднесено амандман. Вториот нивен амандман се однесува на одредбата уште шест месеци по завршувањето на работите на коридорот да може тие што добиле одобрание да ископуваат суровини. 

Ден 18 април 2025

00:01:17