Избегувајте тешки физички активности во текот на денот, останенете во затворена климатизирана просторија, носете светла и лесна облека, јадете помалку мрсна храна и храна која содржи многу шеќер, а пијте повеќе течности. Лакарите ги повторуваат мерките за заштита од топлиот портокалов бран кој утре ќе ја зафати Македонија.
-Треба во најжешкиот период на денот да не излегуваме надвор, посебно тоа важи за повозрасната популација и бебињата. Во период од 10 часот сабајле до 17 попладне, вели Милица Бубало, раководител на Итната помош при Здравствен дом Скопје.
Граѓаните велат дека се навикнати на високи температури и дека ќе ги почитуваат мерките за заштита.
-Жешко е, многу е жешко, но ќе издржиме со чадор, вели една граѓанка.
-Не треба да се плашиме, додава друг граѓанин.
Поради пеколните температури, Владата ги активираше препораките за заштита кои ќе важат од утре до крајот на неделата. Од работа да се ослободат бремените жени и лицата над 60 години, децата во градинките да не се изнесуваат надвор во најтоплиот дел од денот, од 11 до 17 часот, а во истиот период да запрат работни активности на отворено, што се однесува особено на градежните работници.
Владата препорачува:
- Ослободување од работни обврски на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лица на возраст над 60 години;
- Во установите за згрижување на децата (градинки), да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;
- Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници, a
- Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено, да ги запрат активностите во периодот од 11:00 до 17:00 часот, а ова особено се однесува на работата на градежните работници;
Црвениот крст на Град Скопје со 15 волонтери со 3 возила ќе бидат на терен и ќе патролираат на најфекфентните локации во градот автобуски постојки, амбуланти, пазари. Тимовите ќе делат шишиња вода, а по потреба ќе вршат мерење на крвниот притисок. Во интервентни случаи, ќе врашат транспорт до најблиската здравствена установа, или пак до домот на лицето кое има потреба од терапија во домашни услови.
Портокаловата фаза од утре ќе биде прогласена во Македонија и се очекува дневните температури да достигнат до 40 степени.
