домаUncategorizedДенеска стартува увидот во опожарената архива на кумановскиот суд

Денеска стартува увидот во опожарената архива на кумановскиот суд

Се чека денеска да почне увидот во опожарените подрумски простории каде е сместена архивата на кумановскиот суд, за точно да се утврди дали електричната инсталација беше причина за пожарот кој изби пред два дена. Одложен беше за денеска бидејќи противпожарните служби вчера сугерираа дека сѐ уште не е безбедно.

При вршењето на увидната постапка предвидено е да учествува и дежурен обвинител од ОЈО Куманово, а вишото обвинителство организирало да дојде и обвинител од Скопје за да се одбегне судир на интереси, бидејќи кумановското обвинителство е сместено во истата зграда.

Откако ќе биде завршена постапката ќе се знае и колакава е причинетата штета односно што точно горело, дали замо стари предмети кои веќе се архивирани и во електронската база или и предмети кои не биле поврзани со базата и за кои нема бекап.

Пожарот ги разгоре и сомнежите во јавноста за тоа дали истиот е намерно подметнат, со оглед дека претходно гореа бараките во кои беше сместен Судот за прекршоци, гореа документи во Министерството за правда, но и во Инспекторат за животна средина.

Ден 18 април 2025

00:01:17