домаUncategorizedПЕНДИКОВ:Секојдневно добивам закани по живот и не се чувствува безбедно.Повторно одложено судското...

ПЕНДИКОВ:Секојдневно добивам закани по живот и не се чувствува безбедно.Повторно одложено судското рочиште за Пендиков

Повторно одложено судското рочиште за Пендиков. Обвинетиот Илија Спасески не се појави во судот бидејќи се разболел, неговиот адвокат Димитрија Цобoски со медицинска документација го правдаше отсуството и побара да му се врати и патната исправа која му е одземена поради опасност од бегство.

Пендиков, кој во Охрид доаѓа вторпат откако се лекуваше во Софија и откако доби бугарски пасош, повторно најави дека добива закани на социјалните мрежи и не се чуствува безбедно.

Адвокатот на Христијан Пендиков Камишевски истакна дека ваквите обиди за одлагања кажуваат многу и најави дека рочиштата никогаш не биле одлагани по нивна вина.

Пендиков денеска се враќа во Софија бидејќи се уште му траело лекувањето, а следното рочиште е закажано за 21 септември.

Инаку, инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19-ти јануари во кафе-бар на Кејот на Охридското Езеро. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје. 

Ден 18 април 2025

00:01:17