домаАВАНТУРИЗАМАванТуризам - Црква Свети Димитриј во Скопје

АванТуризам – Црква Свети Димитриј во Скопје

Свети Димитриј, е православен храм во Скопје, поранешна катедрална црква на Скопската епархија, посветен на великомаченик Димитрија. На нејзиното место имало стар храм, кој постоел уште од XVI век. Во 1727 година „Св. Димитар“ се споменува како катедрална црква. Таа се наоѓа во близината на Камениот мост, на левата страна на реката Вардар, во Еврејското маало. Во 1690 г. била напуштена, а од 1886 до 1894 година црквата била обновена и проширена. Црквата била изградена во форма на кораб. За време на поправките кои биле изведени на црквата бил уништен и стариот живопис и сите важни записи за црквата. Низ историјата на нејзиното повеќевековно постоење, црквата неколкупати е реновирана: во 1835 година и во 1864 година, во 1886 и во 1894 година, а во 1896 година е проширена и го добила денешниот изглед од познатиот велешки мајстор Даме, син на Андреја Дамјанов. Новиот живопис, иконописот на дрвениот иконостас и царските двери ги изработил познатиот зограф Димитар Папрадишки. Во 1907/8 година е изградена нејзината камбанарија. По катастрофалниот земјотрес од 1963 година, зографисувањето го извршил зографот Крсте Колоски во периодот од 1963 до 1973 година. Стилските и уметничките вредности на зографската реализација во храмот се со скромен дострел. Зографот, во рамките на своите можности, се трудел во однос на сликарската постапка да ја следи поствизантиската традиција на живописувањето. На 8 април 2012 година на православниот празник Цветници се случил редок и несекојдневен феномен на прочистување на фреските во внатрешноста на црквата. Имено поради чадот од изгорените свеќи што ги палеле верниците кој со години се таложел и ги поцрнел сите фрески до степен на невидливост, постапно почнале да ја добиваат својата природна боја. Наслагите од чадот почнале да бледеат, а на површина излегувала природната боја. Спред свештениците на МПЦ во православните цркви ваквиот феномен е забележан само уште во 30 години од минатиот век кога во Русија, во периодот на тогашната советска власт во една црква почнале да се враќаат природните бои на фреските, иконите и на црковните знамиња.

Ден 18 април 2025

00:01:17