домаБЕШЕБеше 27 февруари 2024

Беше 27 февруари 2024

27 февруари

Настани:

1908 Во Битола е основано работничкото просветно друштво „Класно сознание“, кое ги ширело социјалистичките идеи меѓу работниците.

1922 На врвот „Ѓуриште“скопската чета под водство на Величко Вељанов од с.Црешево составена од 12 борци се судрува со многу бројната потера од 400 души составена од тогашните власти. Во овој судир биле убиени 12 души од потерата и имало многу ранети, додека од четата на Величко имало само 1 лесно ранет.

1937 во судски спор помеѓу потомците на беговите и речиси сите селани од тогашно Белимбегово судот донел одлука за укинување на претходната пресуда со која им се одзел имотот на селаните која претходно им била доделена на селаните и требало да им се врати на беговските наследници.

1959 во Скопје е отворена првата САМОПОСЛУГА на улица Ѓуро Салај.

1996 Република Македонија и Република Грција воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво.

Родени:

1967 Владо Јовановски роден во Пробиштип, македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Член на Драмата при Македонскиот народен театар е од 1993 година. За пошироката публика е можеби најпознат по серијалот „Истражи ја Македонија“ кратки документарни емисии за неоткриените убавини на Македонија. Награди за неговото творештво – ТВ проект – „Истражи ја Македонија“ 2012 г. на „Златна Буба мара на популарноста“; “Војдан Чернодрински” за епизодна машка улога (2011), глумец за 2001 г. на „Златна Бубамара на популарноста“; најдобро глумечко остварување на фестивалот “Војдан Чернодрински” Прилеп (2008), Награда на ревијата Екран за најдобро глумечко остварување на филм и на ТВ за улогата во филмот „Македонска сага“ (1993).

Починале:

1990 Михаил Петрушевски, македонски академик, филолог, еден од основачите на Филозовскиот факултет во Скопје на кој беше вонреден и редовен професор, како и прв декан на истиот, а подоцна и ректор на Скопскиот универзитет. Има објавено над 200 научни и стручни трудови од областа на класичната филологија. За македонската култура од особено значење е неговата преведувачка дејност на “Илијада” од Хомер, “Скендербег” од Григор Прличев и на други дела. Роден е во Битола, на 2 јули 1911 година.

2013 Александар Лековски е роден на 11 декември 1933 година во Ниш, Србија. Покрај неговата матична професија, диригирањето, тој бил многу успешен и во компонирањето. Лековски бил директор на Операта и балетот при Македонски народен театар, бил директор на Македонската филхармонија, бил прв диригент во Операта и балетот во Белград, потоа главен диригент на Хорот на Македонската радио-телевизија, а композиторската и диригентската фела го памети и како претседател на Сојузот на композиторите на Македонија, на Здружението на диригентите на Македонија, на Сојузот на музичките уметници на Македонија, на Музичката младина на Македонија и сл. Лековски за својот уметнички придонес е добитник на повеќе награди и признанија меѓу кои наградата „Панче Пешев“ од СОКОМ во 1994 година и државната награда „11 Октомври“. Починал во Скопје.

Ден 18 април 2025

00:01:17