домаБЕШЕБеше 13 февруари 2024

Беше 13 февруари 2024

13 февруари

Настани:

1895 Браќата Огист и Луј Лимиер, француски хемичари и индустијалци и конструктури на првата филмска камера, патентираа апарат за „примена на хронофотографски отпечатоци“, наречен кинематограф.

1947 Во Скопје е основано Друштвото на писателите на Македонија. Основачи биле: Блаже Конески (прв претседател), Димитар Митрев, Славко Јаневски, Ацо Шопов, Владо Малески, Ристо Крле, Васил Иљоски и Иван Точко.

1978 за време на летот Б-707 од Југославија до Австралија во авионот се родил Јатко Тодев. Денес тој живее во Австралија и тој е прв македонец кој се родил во авион. Неговата мајка Марија Тодева се породила во авионот и тоа било прв таков случај во историјата на воздушниот сообраќај. Името Јатко му го дал пилотот по името на авиокомпанијата ЈАТ.

2011 На Скопското Кале доjде до судир помеѓу поголема група млади од македонци и албанци. Први дојдоа стотина Комити и закачија знаме на црквата-музеј, во знак на подршка за нејзината изградба. Половина час подоцна друга група граѓани Албанци се организираше пред Скендербег. Се движеа низ чаршијата и се појавија под калето, пред Мустафа пашината џамија, беа против изградбата на црквата-музеј. Тие тргнаа на главниот влез од тврдината, а полицијата ги спроведуваше комитите кон излезот од другата страна. Токму кога двете групи се забележаа, се случи и инцидентот во меѓусебниот судир на двете групи.

2019 Автобуска несреќа кај селото Ласкарци во која загинале 14 луѓе, а многумина биле повредени.

Родени:

1953 во Штип роден е Љупчо Јордановски македонски политичар, професор и сеизмолог, претседател на Партијата на слободни демократи и поранешен претседател на Собранието на Република Македонија. Во 1975 станал дипломиран електротехнички инженер на Електротехнички факултет при Загребски универзитет. Докторирал на Универзитетот Јужна Калифорнија во САД во 1985. Беше активен на политичката сцена во 2000-тите. Почина на 7 октомври 2010г.

1961 Драги Сетинов македонски фудбалер. Во сезоната 1981/82 играл за Победа од Прилеп, за која одиграл 27 натпревари. Во 1982 година преминува во скопски Вардар, каде останал до 1986 година. За овој клуб одиграл 117 натпревари. Во 1986 година преминал во сплитски Хајдук. За Хајдук одиграл 106 натпревари и го освоил последното издание на Купот на Маршал Тито во 1991 година. Во 1988 година го освоил Трофејот Били како најдобар играч избран од Слободна Далмација. Во 1991 година заминал во грчкиот Етникос Астерас. Кариерата ја завршил во овој клуб во 1992 година. Бил репрезентативец на Југославија

1973 Наташа Бунтеска македонска поетеса. Родена е во Скопје. Досега објавила две поетски книги: Мали вечности (1998) и Горниот град (2001). Го напишала сценариото за краткиот арт филм „Здивот ме врзува (со светот)“ којшто се снимал на почетокот на 2001 година во Индија. Застапувана е во повеќе антологии и прегледи на македонската поезија. Нејзината поезија е препејувана и објавувана на хрватски, англиски, романски, словенечки и други јазици. Живее и работи како новинар во Скопје.

Починале:

1893 Ѓорѓија Пулевски македонски писател на кратки дела, лексикограф, историчар и воен водич. Автор е на првата печатена македонска граматика. Роден во селото Галичник ја започнува борбата за слобода на својот народ, истовремено учествувајќи во ослободителната борба и на другите балкански народи.

1996 Зија Бериша роден e во Скопје – починал на 13 февруари 1996 година во Скопје) — македонски и југословенски глумец од албанско потекло. Бериша бил глумец во Албанската драма од 1959 година, еден од основачите на Театарот на народностите во Скопје. Истакнат толкувач на главни улоги, носител на дејноста на Албанската драма.

2001 намерно беше прегазен со кола е полицаецот ЧЕДО ДОДЕВСКИ (†45) со уште тојца свои колеги вршејќи рутинска контрола на патот Куманово – Липково.

Ден 18 април 2025

00:01:17