10 февруари
Настани:
1903 Во селото Крушево, Демирхисарско, егејскиот дел на Македонија, излезе првиот број на хектографскиот весник „Слобода или смрт“. Го подготвуваше Пеју Јаворов. Весникот беше со цел да ги одреди задачите и павецот на претстојното востание во Македонија. На 12 април истата година излезе последниот, дванаесетти број.
Родени:
1908 Во Скопје е роден Ѓорѓи Попов, македонски скијачки учител и судија и фотограф. Водеше многу курсеви за оспособување на стручни кадри во Македонија, а како фотограф овековечи многу моменти од развојот на скијаштвото во Македонија, посебно на Попова Шапка и во Маврово. Умре на 31 август 1979 година.
1927 Петар Мазев (Кавадарци, 10 февруари 1927 – Скопје, 13 март 1993) — македонски сликар, еден од најзначајните творци на македонската модерна уметност. Завршил Академија за ликовна уметност во Белград, 1953 година. Бил член на групата „Мугри“. Професор на Архитектонскиот факултет, Скопје. Петар Мазев е еден од главните иницијатори за формирањето на Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Самостојно изложувал во Скопје и на голем број групни изложби во земјата и во странство: Бурма, Кина, Индија, Франција, Чиле, Милано, Белград, на изложби во Дижон, Братфорд, Рим, Торино, Нирнберг, Штудгарт, Берлин, Ним, Шел, Париз, Пекинг, Лозана, Град Мексико, Атина итн. Изработил и мурал во Железарницата во Скопје 1967 година, мозаици во Стопанска банка и Државна болница 1971 година, сите во Скопје и Спомен костурница во Велес, 1979 година; керамопластика кај споменикот на Илинден, Крушево, 1974 година. Добитник е на Октомвриска награда за сликарство 1960 год., Ноемвриска награда на град Скопје 1977 година и други.
1995 Ѓоко Зајков македонски фудбалер. Роден во Скопје, ја започнал својата фудбалска кариера во младинските категории на Работнички. Своето деби за првиот тим го направил во завршницата на сезоната 2011-2012, а во наредните две сезони бил стандарден првотимец на Дебармаалците. Зајков играл за репрезентациите на Македонија под 19 и под 21 година, за втората забележал 21 настап и 1 гол вклучувајќи и три настапи на Европското првенство за играчи под 21 година 2017 во Полска. Своето деби за сениорската репрезентација го направил во пријателски натпревар против Иран во јуни 2016.
1995 Марјан Радески македонски фудбалер (роден во Прилеп) македонски професионален фудбалер кој настапува за ФК Академија Пандев, во Првата македонска фудбалска лига.
Починале:
1515 Во Софија, Ѓорѓи Кратовски, христијански светец, поради одбивање да го прими исламот, жив бил изгорен од страна на турската власт. По неговата смрт бил прогласен за светец од страна на Синодот на Охридската архиепископија, како и од Руската, Бугарската и Српската православна црква. Роден бил во Кратово, во 1497 година.
1922 Христо Матов професор, револуционер и еден од идеолозите на Македонската Револуционерна Организација (МРО). Бил член на Централниот Комитет и задграничното претседателство на Организацијата, а по Илинденското востание е главен идеолог на Конзервативната струја и е водач на десницата во Организацијата.
1978 Во Скопје умре Паскал Митревски, учесник во НОВ против фашизмот и во Граѓанската војна во Грција. Роден е во селото Чука, Костурско, на 15 февруари 1912 година.
