домаБЕШЕБеше 12 февруари 2024

Беше 12 февруари 2024

12 февруари

Настани:

1944 Во местото Барбарас, кај Македонски Брод, бугарскиот окупатор стрела осум борци – учесници во Богомилскиот поход.

1946 Весникот „Лаки фони“, орган на Бирото на КПГ за Македонија, објави дека од 12 февруари 1945 година до 12 февруари 1946 година од грчките власти и терористичките банди беа убиени 1.300, затворени 20.000 и прогонувани 200.000 луѓе. Од убиените 200 беа од Македонија, а од убиените од Леринско, во Костурско и во Соровичко – 98 отсто беа Македонци.

1964 отворено е првото училиште по земјотресот во Скопје,во Лимени Хангери -Бараки.

1992 Република Словенија и Република Хрватска ја признаа независноста на Република Македонија. Република Македонија ја призна независноста на Република Словенија и на Република Хрватска.

1996 Република Македонија воспостави дипломатски односи на амбасадорско ниво со Република Гана.

1996 Во Атина официјално започна со работа Канцеларијата за врски на Република Македонија.

2001 Почеток на воената криза помеѓу македонските сили за безбедност и припадниците на ОНА.

Родени:

1870 роден е Веле Марков, македонски револуционер, социјалист, крушевски војвода на Македонската револуционерна отганизација, познат под псевдонимот Милтон. Во 1892 година заминал на печалба во Софија, Бугарија, каде се зближил со Васил Главинов и во 1895 година ја основале Македонската социјалистичка група. Во 1899 година, по враќањето во Македонија бил еден од основачите на социјалистички кружок во Крушево и со другите социјалисти стапиле во ТМОРО. Во 1900 година. во Битола основал социјалистички кружок, а во почетокот на 1901 година влегува во четата на војводата Никола Русински. Станал крушевски војвода и загинал во борба со османлиските војници во с. Ракитница.

1914 Василие Поповиќ – Цицо сликар, карикатурист и сценограф, еден од основоположниците на сценографијата во Македонскиот народен театар. Роден де во Во Скадар, Република Албанија. Умре во Скопје, на 10 декември 1962 година.

1987 Гоце Георгиевски македонски ракометар. Георгиевски бил младински репрезентативец на Македонија на Светското младинско првенство во 2007 година одржано во Охрид. Од 2009 година тој станал сениорски репрезентативец, за сениорската репрезентација на Македонија има одиграно пет светски првенства и тоа: во Шпанија (2013), Катар (2015) Франција (2017), Германија (2019) и Полска/Шведска (2023) како и пет европски првенства: во Данска (2014), Полска (2016), Хрватска (2018) и Австрија (2020) и Унгарија/Словачка (2022) како и олимписки квалификации во 2016 година. Својот последен натпревар за македонската репрезентација тој го одиграл на 30 април 2023 година против Турција.

1992 Стефан Ристовски македонски фудбалер. Своето деби за Македонската фудбалска репрезентација Ристовски го направил на 10 август 2011 година, на натрпеварот против Азербејџан. Својот прв погодок за репрезентацијата го постигнал на 11 јуни 2017, против Шпанија, во поразот со 1-2 во Скопје во квалификациите за Светското првенство 2018.

1992 Езѓан Алиоски македонски фудбалер. Тој го направил своето деби за сениорската репрезентација на 11 октомври 2013 во натпреварот Велс-Македонија (1-0).[10] Својот прв погодок за македонската репрезентација го постигнал на 5 септември 2016, во поразот од Албанија со 2-1 во натпревар од Квалификациите за Светското првенство 2018 одигран во Скадар.

Починале:

1944 Стојан Миланов Божиноски македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ. Во месец април 1942 година бил осомничен од италијанските окупаторски власти и затворен во Кичево, а потоа бил однесен во затворот Порто Романо во Албанија. Во затворот имал можност да се запознае со комунисти напоени со револуционерни идеи за борба против фашистичкиот окупатор. По капитулацијата на фашистичка Италија, се вратил назад и се приклучил во Баталјонот „Мирче Ацев“, а потоа во Првата македонско – косовска бригада. Со Бригадата учествувал во борбите на Богомила во зимата 1944 година. Во овие борби се истакнал како храбар борец и станал заменик командир на чета. По борбите кај Богомила во февруари 1944 година, се нашол во една отцепена група борци со која дошол во Македонски Брод каде бил фатен од бугарските војници и стрелан.

Ден 18 април 2025

00:01:17