домаАВАНТУРИЗАМАванТуризам - Малешево

АванТуризам – Малешево

Малешево – прогласено на 14 декември 2021 година, за заштита на дел од планината со површина од 11.460,89 хектари. Малешевски Планини се средновисок планински венец во источниот дел на Македонија и Пиринска Македонија (денес во Бугарија). Припаѓаат на грaмадните планини од Родопската маса. Се протегаат лачно во правец јз–си. Должината на главното било изнесува 32 км, а површина на планината е 315 км2. Билата се заоблени, без јасна определеност и издаденост на сртот, а највисоки врвови се Џами Тепе (1.801 м) и Ченгино Кале (1.748 м), кој што ја претставува најисточната точка на територијата на Република Македонија. Брегалница и Ратевска Река длабоко се всечени во старите палеозојски карпи — некаде речиси кањонски. Билата се голи, а планинските страни се покриени со букова и дабова шума. Геолошкиот состав е претставен со кристалести шкрилци, а во пониските делови спрема Беровската Котлина се покриени со неогени наноси. Преку билото на планината минува делумно македонско-бугарската граница. На највисоките делови се наоѓа изворишниот дел на реката Брегалница, каде се наоѓаат и неколку водопади, кои поради својата убавина се туристичка атракција. Малешевските Планини преку кои Плачковица, или подобро речено Огражден е соединета со Осогово преку една напречна и соединувачка линија долга околу 14 часа, спружена по вододелницата на реката Струма на право и Вардар преку неговата лева притока Брегалница. Некаде снижена, некаде издигната, таа линија ги заградува цело Малешевско и Пијанечко и се протега паралелно на р. Струма крај самата неа. Целата линија се именува Малешевски Планини,а од нејзините местни имиња како што одиме од југ кон север, се нарекуваат Беровска Планина. Следуваат Чија и Кита помеѓу селата Ратево и Лаки. Дотука планината иако се снижува како што се протега кон североисток сѐ уште ги зачувува истиот карактер и височина со североисточниот крај на Огражден, од каде што таа започнува. По на североисток од тука, веригата е значително поснижена, пораскината и посоголена.

Ден 18 април 2025

00:01:17