домаБЕШЕБеше 31 јануари 2024

Беше 31 јануари 2024

31 јануари

Беше тоа на 31 Јануари 1902 кога имало средба меѓу Јане Сандански, Христо Чернопеев, и преговарачите од САД, Хаус во името на Сад ги прифатиле барањата, 104 килограми на злато билo предадено на 23 02 1902 г. Мис Стон билa ослободенa од Андон Ќосето во село Градошорци, Струмица.

На 31 Јануари 1911 вo Струмица е родена Баба Ванѓа, една од најпознатите јасновитки во светот.

Беше тоа на 31 Јануари 1921 кога во Кавадарци е одржан првиот официјален попис на населението во рамките на Кралството Југославија. Според пописот Кавадарци само градот имал 5.542 жители.

На 31 Јануари 1927 во Радовиш е роден Ацо Караманов македонски поет, раскажувач, романсиер и револуционер. Тој е еден од најистакнатите, најталентирани млади македонски личности во годините на Втората Светска Војна. Во пролетта 1943 заедно со неговите соученици стапува во редовите на СКОЈ. По повеќе од еден месец од стапувањето во партизани, на денот кога го испеал и последниот стих „Ние кога умираме треба да пееме“, во една престрелка со германските воени сили во ноќта меѓу 9/10 октомври 1944 година на височината кај селото Стојмирово, Беровско, бил тешко ранет и масакриран по заробувањето. Ацо Караманов имал само 17 години кога го положил својот млад живот на олтарот на слобадата за Македонија.

Беше тоа на 31 Јануари 1945 кога со решение број 581 на Президиумот на АСНОМ е основан Македонскиот народен театар. Првата драмска претстава ја прикажа на 3 април истата година. Тоа беше драмската претстава „Платон Кречет“ од советскиот драматург Александар Корнејчук, а во режија на Димитар Костаров.

На 31 Јануари 1994 Швајцарската Конфедерација и Кнежевството Лихтенштајн воспоставиле дипломатски односи со Република Македонија.

Беше тоа на 31 Јануари 2012 умре македонскиот фотограф и кинематограф Благоја Дрнков. Беше доајен и уметник на фотографијата и неуморен истражувач и документарист на македонската традиција, уметност и култура. Во текот на својата кариера, тој бил директор на Филмската дирекција на Македонија (ФИДИМА) и прв филмски дописник и снимател за „Филмске новости“ од Македонија. Благоја Дрнков е добитник на повеќе награди меѓу кои наградата „11 Октомври“ за животно дело во полето на филмот и фотографијата, награда за животно дело од Друштвото на ликовни уметници за применета уметност на Македонија, во 1975 година, Медал за заслуги за Македонија во 2008 година и титулата „Зограф на културата на РМ“, додеделено од Министерството за култура на Р. Македонија во 2011 година. Благоја Дрнков е единствен македонски автор чие творештво е одбележано 1985 година, во Интернационалната енциклопедија на фотографи – од 1839 до сегашноста, објавена во Швајцарија и во која се застапени најпознатите фотографи во светот од почетоците на фотографијата до денес.

На 31 Јануари 2016 во Скопје почина Нада Прличкова, долгогодишна, но и легендарна суфлерка на Македонскиот народен театар. Првите професионални суфлери во 70-годишната историја на МНТ се Нада Стојкова, подоцна Прличкова и Божидар Тодоровски. Била во брак со Петре Прличко, доајен на македонското актерство.

Ден 18 април 2025

00:01:17