29 јануари
Беше тоа на 29 Јануари 1950 Во Скопје е формиран Сојузот на филателистите на Македонија.
На 29 Јануари 1992 почина Иван Дојчинов македонски комунист, борец во Шпанската граѓанска војна, учесник во НОВ, а по војната репресиран како информбировец. Дојчинов бил член на Главниот штаб на НОВ на Македонија и учествува на Првото и Второто заседание на АСНОМ. Бил носител на „Партизанска споменица 1941“. На 29 декември 1950 година Дојчинов е притворен како осомничен во врска со Резолуцијата на Информбирото. По едногодишната истрага, на 10 ноември 1951 година е осуден на девет години строг затвор и три години ограничени права. Во март 1952 година е префрлен на издржување на казната во Билеќа, а во 1954 година е префрлен на Голи Оток. Помилуван е и пуштен од затвор на 29 ноември 1956 година. По ослободувањето од затвор се враќа во Скопје и се вработува во Металскиот завод. Во јули 1958 година повторно е затворен, но по шест месеци, во декември истата година, е ослободен како невин. Емигрира во Бугарија, но повторно се враќа во Скопје.
Беше тоа на 29 Јануари 2005 кога почина режисерот и сценарист Живорад Жика Митровиќ. Негови најпознати филмови се : „Капетан Леши“,„Мис Стон“,, „Солунски атентатори“, (македонски филмови), како и „Ешалонот на д-р М“,„Марш на Дрина“, „Ужичка република“,„Сигнали над градот“„Невесинска пушка“, „Тимочка буна“ и други.
Беше тоа на 29 Јануари 2020 во населбата Кисела Вода, Благоја Георгиевски починал кога при управување на своето возило, изгубил контрола над возењето и излетал од коловозната лента каде што удрил во бетонска жардињера на булеварот Србија. Тој починал на местото на несреќата.Тој беше долгогодишен член и капитен на КК Работнички Скопје. Поради неговата смрт, Работнички го повлекол бројот 13 од употреба на клупските дресови. За југословенската репрезентација, Буштур одиграл 124 натпревари и постигнал 388 поени.
