домаБЕШЕБеше 04 09 2023

Беше 04 09 2023

4 септември
Настани:
1837 Во присуство на поголем број стручњаци, американскиот научник Семјуел Морзе со успех ја демонстрирал работата на својот телеграф. Кон средината на мај во 1844 г. веќе била воспоставена телеграфска врска меѓу Вашингтон и Балтимор, а набрзо телеграфот почнаа да го користат и европските земји.
1951 Првото трансконтинентално телевизиско емитување се случува во Сан Франциско, Калифорнија, од Јапонската мировна конференција.
1996 Во Народната банка на Република Македонија се промовирани новите македонски пари, со нов дизајн, кои беа пуштени во оптек на 8 септември 1996 г.
2016 Папата Франциск ја прогласува Мајка Тереза за светица. На канонизацијата присустваа многубројни верници и високи гости од целиот свет. Најавено беше присуство на 13 шефови на држави или влади. Распределени беа 100.000 билети за следење на церемонијата на плоштадот „Свети Петар“. Акредитирани се 600 новинари од целиот свет, а настанот го следедeа 125 телевизики куќи. Радио Ватикан пренесуваше во живо на шест јазици.
Родени:
1913 Кензо Танге е роден во Сакај, Осака, Јапонија. Во 1935 година се запишал на факултетот за архитектура на токискиот универзитет, а за тоа бил поттикнат од средбата со швајцарскиот архитект Ле Корбизје. Во 1965 година, Танге бил замолен да го изработи урбанистичкиот план на градот Скопје, кој по земјотресот бил 65% разрушен. Танге се согласил да го изработи планот и добил 60% од средствата предвидени за обновата, додека останатите 40% биле доделени на архитектонскиот тим од СФР Југославија. Планот за обнова кој го изработил Танге бил налик на оној за Токио. За жал, планот бил само делумно исполнет, а од неговите конструкции биле изградени новата железничка станица и линијата на станбени згради во центарот на градот, познати како „градски ѕид“.
1972 Вања Изова Велева е родена во Струмица. Велева е член на Друштвото на писателите на Македонија од 1995 година, член на интернационалното друштво на поети, член на претседателството на ДПМ 2000-2002 и 2002-2004 година, член на жири комисијата за наградата „Ацо Шопов“ во 2006 и 2008, и член на жири комисијата за наградата „Ацо Караманов“. Дел од нејзината поезија е препеана на англиски, француски, српски, словенечки, шпански, бугарски, полски и руски јазик.
Починале:
1903 На Кајмакчалан, во борба против турската војска загина Манол Ризов, македонски револуционер. Учесник е во Илинденското востание и беше член на Костурското горско началство. Особено беше ценет сред македонските патријаршисти опфатени во редовите на ВМРО. Роден е во селото Бобишта, Костуско, во 1876 година.
1944 Методија Шаторов – Шарло македонски комунист и национален деец. Како долгогодишен активист во комунистичкото движење, Шарло непосредно пред Втората светска војна доаѓа на чело на Покраинскиот комитет на Комунистичката партија на Југославија за Македонија и на почетокот од бугарската окупација на Вардарска Македонија ја приклучува македонската комунистичка организација кон Бугарската работничка партија. Овој потег е осуден од страна на југословенското комунистичко раководство, тој е исклучен од КПЈ а по ослободувањето поради него официјалната македонска комунистичка историографија ќе го третира Шарло исклучително негативно. Рехабилитацијата на Шарло започнува по падот на комунизмот, а значителен придонес во таа насока дава научниот собир посветен на Шарло, а организиран од МАНУ во ноември 2005 година.
1991 Димитар Стојанов Мире е македонски државник и учесник во народноослободителното движење. Роден е во Прилеп на 10 октомври 1910 во занаетчиско, тутунарско семејство. На 16 април 1945 година по формирањето на Првата влада на Федерална Македонија, станал шеф на кабинетот на претседателот на владата. Од есента 1945 година станува потпретседател на планската комисија на Владата на Федерална Македонија. Од 1 јануари до 19 ноември 1941 година бил директор на ПТТ на Македонија, а потоа станува министер за просвета на НРМ на која функција останал сè до 3 јануари 1951 година кога е избран за претседател на Народното собрание на НРМ со мандат од четири години. Бил претседател на Одборот за просвета на Републичкиот совет на Собранието на СРМ сè до именувањето на местото директор на Архивот на Македонија. Во времeто на неговото директорување со Архивот на Македонија, се создава мрежа на десет архивски установи, во кои се оформени 250 архивски кадри изградени се 5 нови архивски згради со вкупна површина од 11259 м2, од кои само 6404 м2 депоа, извршени се огромни истражувчки дејства во земјата и во странските архиви, издадени се 40 тома најзначајни документи за историјата на македонскиот народ од раните средни векови па сè до повоениот период. Тој бил избран и за почесен доживотен претседател на Друштвото на архивските работници на Македонија.

Ден 18 април 2025

00:01:17