домаБЕШЕБеше 06 09 2023

Беше 06 09 2023

6 септември
Настани:
1522 Шпанскиот морепловец Хуан Себастијан Елкано успеал да стигне назад во Шпанија со само 18 морнари (од вкупно 256) на еден брод од петте брода со кои Фернандо Магелан го започнал патувањето околу светот три години порано.
1885 Источна Румелија е присоединета кон Бугарија.
1943 Поради акциите што ги преземаше Вториот кичевски НОП одред низ Копачијата, италијанскиот окупатор заедно со балистичките банди го запалија селото Извор, Кичевско, во пожарот изгореа повеќе куќи и плевни.
1944 Ослободено е Кратово.
1944 се случило БЕГСТВОТО НА ПОЛИТИЧКИТЕ ЗАТВОРЕНИЦИ од Централниот областен фашистички затвор во Битола. Обласниот централен затвор бил отворен во јули 1942 година во близината на Црн Мост каде беа затворани политички затвореници од целата битолска околија. Фашистичкиот суд во Битола изрече казни на 250 учесници во Народноослободителното и антифашистичко движење. Над 50 од нив беа осудени на смрт со бесење, над 20 беа осудени на доживиотна робија, а другите на временски казни со строг затвор од една до 20 години. Соочени со поразот на фашистичката власт Управата на затворот, три дена пред капитулацијата на фашистичка Бугарија беше приморана да дозволи да се отворат затворските порти и околу 120 политички затвореници избегаа од него.
1944 Ванчо Михајлов последен пат доаѓа во Скопје. Планот бил со помош на Гестапо да формира квислиншка држава. Кога ја видел моќта на партизанското движење и немоќта на неговите контра чети, бега во Италија, овој пат засекогаш.
1962 Во Струга започна првата поетска манифестација Струшки вечери на поезијата. Најзначајната награда на Струшките вечери на поезијата е „Златниот венец“, која за првпат му е доделена во 1966 година на советскиот поет Роберт Иванович Рождественски за најдобра песна. Од 1971 година „Златниот венец“ се доделува за целокупен поетски опус.
2011 по извршената реконструкција пуштен е во употреба Аеродромот „Александар Велики“.
2016 во близината на Кожле и Ветерско се урна приватен авион со германски национални ознаки, во несреќата погинаа сите 6 патници кои се наоѓале во него, од кои биле 4 италијански и 2 косовски граѓани.
Родени:
1978 Димитри Соле Љубин е роден во Велес. Се стекнал со титулата Професор по италијански јазик и книжевност и македонски јазик. Земал учество на повеќе фестивали и поетски средби во земјата и во странство. Во 2010 година е единствен претставник од Балканските земји на реномираниот фестивал Самерлид во Стразбур, Франција каде се претставува со огромен успех. Во 2015 година, во рамките на Свечената академија за Св.Кирил и Методиј во Библиотеката на град Белград, Србија, го претставува целокупното творештво пред тамошната публика. Во 2018 година, на покана од Македонското културно друштво Македонија, настапува заедно со хорот „Билјана“ во Љубљана, Словенија, говорејќи стихови од неговата збирка поезија „Во Софиските градини – Рајски дворови“. Тиражот од неговите „Сончеви симболи“ – Макавеј 2004г., „Нож и пердув“ – Антолог 2010г. и „Калина и бикот“ – авторско издание 2014г., е целосно распродаден.
Починале:
1903 Кај селото Витишево, Кочанско, во борба против турската армија загина Милан Трајков Стоилов, македонски револуционер, еден од основачите и секретар на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург, член на Тајниот македонско-одрински кружок и учесник во Илинденското востание. Роден е во Кукуш, на 14 јануари 1881 година.

Ден 18 април 2025

00:01:17