15 септември
Настани:
1901 во Кавадарци доаѓа и 7 дена престојува Гоце Делчев. Во Кавадарци престојува како илегалец во куќите на Спиро Даскалов и Лазар Бањански. За тоа време одржал голем број на состаноци со раководството на Организацијата во градот како и со комитетите од селата во Тиквешијата. Потоа Гоце заминува во село Ваташа каде е сместен во куќите на Шарлиови, Сојтериови и Поп Антови. Во селското училиште “Даскал Камче“ одржал голем собир на кој присуствувале повеќе од 200 луѓе.
1918 се случил пробојот на македонскиот фронт на Добро Поле, месност на Ниџе Планина. По тој повод местото било посетено од делегација од Франција и поставува споменик (кој покасно исчезнува) на местото кое и денес е познато како „Бронзена рака“, интересно е да се спомене дека денес во Париз постои улица која е именувана токму Добро Поле (Rue Du Dobro pole), што е доказ плус за важноста на оваа локација. Исто така и Француските гробишта во Битола биле свечено отворени токму на овој датум во 1923 година.
1918 година силите на Антантата предводени од францускиот маршал Франше Д’Епере (наследникот на Сарај), започнуваат силна офанзива против бугарската Трета дивизија од составот на германската Втора армија на просторот Ветерник – Сокол. Борбите се пренесуваат во Пелагонија, на десниот брег на реката Вардар, Црна Река и во реонот на Дојран. Под жестокиот притисок на сојузниците бугарско-германските трупи се приморани на повлекување кон север и бугарската граница. Сојузниците заземаат повеќе делови во вардарскиот дел на Македонија.
1921 отворена е амбуланта за очни болести при окружната болница во Скопје.
1990 Во Гевгелија е основано Здружение на Светскиот македонски конгрес, прва и единствена ваква институција регистрирана во целиот свет, заради културно, духовно и економско обединување на Македонците. За претседател е избран Тодор Петров.
1993 Во Скопје е регистрирана Асоцијацијата на европските студентски структури при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
1995 Во Скопје, пред влезот на канцеларијата за врски на САД е поставен нов амблем чиј натпис гласи „Амбасада на САД“, со што формално мисијата на САД во Македонија го означи подигањето на нивото на дипломатските односи на релацијата Вашингтон – Скопје.
2002 Парламентарни избори во Република Македонија, на кои ќе победи коалицијата За Македонија Заедно предводена од СДСМ и Бранко Црвенковски.
Родени:
1913 Ристо Кордалов Воден, истакнат револуционер и воен раководител, доследен борец за македонското дело и слобода во периодот на ослободувањето на земјата до неговата смрт. За своите заслуги одликуван е со „Орден за храброст“, „Орден за заслуги за народ со сребрени зраци“ и „Орден за братство и единство со сребрен венец“.
1959 Драги Митревски е роден во преспанското село Долно Дупени. Од 1982 година се вработил во Музејот на Македонија како кустос – археолог за желено време, а од 1995 предава Праисториска археологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Митревки од 1998 година, па до 2001 бил директор е на Музејот на Македонија во Скопје, за потоа да стане редовен професор на Филозофскиот факултет, Институт за историја на уметност со археологија.
Починале:
1896 Димитар Матов истакнат македонски фолклорист и етнограф од голема важност во XIX век. Роден е на 15 мај 1864 година во старо градско семејство во Велес. Автор на бројни лингвистички, фолклористички и етнографски трудови. Негови книжевни дела се песните „Македонија“ и „Сурвакана на 1881 година“. Во нив ја истакнува својата приврзаност за автономна Македонија. Подоцна литературната дејност ја заменува со научната и заминал на стручно усовршување во Виена и Лајпциг. Се занимавал со собирање на фолклористички материјал од Велес и Велешко, печател студии од областа на јазикот и фолклорот. Умира мошне млад по неуспешна операција во Дрезден.
Празници:
Меѓународен ден на демократијата
